Расте бројот на жртвите во рударската несреќа во Турција – 238 загинаа, стотици затрупани


Експлозија во рудник за јаглен во западна Турција зеде најмалку 238 животи, а стотици рудари се повредени или затрупани, пренесоа тамошните медиуми. Министерот за енергетика на Турција, Танер Јилдиз, истакна дека во рудникот Сома во провинцијата Маниса имало 787 луѓе кога настанала експлозијата во вторникот. Ројтерс пренесе дека се спасени околу 93 лица, меѓу кои и неколку спасувачи, а 85 од нив добиле помош за повредите.

rudar turcijaТурската влада вчера прогласи тридневна национална жалост, на прославата на денот на младината и спортот на 19 мај ќе има само една церемонија, а претседателот Абдула Ѓул ја откажа својата официјална посета на Kина и денес ќе оди во Сома. И премиерот Реџеп Таип Ердоган ја откажа посетата на Албанија и беше најавена негова посета на Сома, пренесе Би-би-си.

Јилдиз потврди дека најмалку 80 лица се повредени и оти јаглеродмоноксидот зел многу животи. Тој додаде и дека е малку веројатно оти има уште некој преживеан.

Се претпоставува дека причина за експлозијата е неисправниот електричен трансформатор. Потоа избувнал и пожар. Несреќата се случила додека рударите се подготвувале за смена, а тоа го објаснува и големиот број луѓе во рудникот. Вчера, 18 часа по експлозијата, пожарот с` уште беше активен.

Рудникот во Сома е најголемиот во реонот на Маниса. Во него работат околу 6.500 луѓе. Ова е најголема трагедија што се случила во турски рудник. Турското министерство за труд и социјала соопшти дека рудникот бил петпати проверуван од 2012 година досега. Последната проверка била во март годинава и не биле регистрирани проблеми за условите за работа и за безбедност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1