Разбојник во Арачиново, се исплашил од 80 годишна баба и избегал без плен



Вчера околу 03 часот во скопско Арачиново 80 годишна старица успеала да се спаси од разбојник кој во нејзината куќа се обидел да изврши грабеж.

Според полициските информации, непознат разбојник вооружен со нож упаднал во куќата кинејќи ја мрежата на прозорецот. Влегол во дневната соба каде што спиела 26-годишната снаа на старицата, па со едната рака ја фатил за устата, а со ножот во другата и се заканил да не зборува бидејќи ќе ја убие.

Тоа го слушнала старицата која спиела во другата соба и веднаш влегла во дневната соба. Откако разбојникот ја забележал, веднаш побегнал, без никаков плен.
Од полициската станица во Гази Баба информираат дека се преземаат мерки за негово откривање и приведување

Tags: , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1