Резервоарот никогаш не би требало да ви биде празен повеќе од половина – Еве зошто


Една од работите кои при возењето би требало да ја избегнувате е возењето со мала количина на гориво во резервоарот. Тоа значи дека резервоарот никогаш не би требало да биде празен повеќе од половина, бидејќи така го чувате здравјето на Вашиот автомобил.kola palenje mk
Имено, кога резервоарот за гориво е празен, во него се кондензира вода поради разликите во температурата.

Овластениот судски вештак за возила, Горан Хусинец вели дека тоа штетно делува, без разлика дали се работи за бензинец или дизел автомобил.

Водата во составот на вбризгување на горивото е еден од најголемите непријатели на Вашиот мотор, бидејќи предизвикува предвремена корозија на составот за вбризгување, а со тоа и проблеми во работата на моторот.

“Празниот резервоар е посебно опасен во оние периоди од годината кога температурата драстично се менува, како на пример сега, кога ноќните температури се под нулата, а дневните достигнуваат и преку 10 степени. Ова особено е изразено кај поголемите резервоари, кои имаат капацитет и до 100 литри. Тоа се “празни буриња” полни со воден кондензат” – вели Хусинец.

Тој додава дека проблемот е поизразен кај постарите автомобили, кај кој резервоарите се изработени од лим, за разлика од пластичните резервоари на модерните автомобили. Лимот, поради наведеното кородира, и на тој начин испушта состојки кои се мешаат со горивото. Тоа често доведува до расипување на Bosch пумпите, па затоа може да се случи и возилото да застане некаде на патот.

Оваа појава кај механичарите е позната под жаргонот “студентски синдром”, затоа што студентите или помладите возачи, поради помалите финансиски можности, многу често ги возат своите автомобили на резерва. Истиот проблем може да го имаат и возила кои се возат само сезонски, па голем период од годината не се употребуваат како што се камп-приколките.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1