Рибар од Оман со еден улов стана милионер


Кахид ал Синани, рибар од арапската држава Оман во својата ловечка мрежа пронајде нешто лигаво, по што стана милионер, пишува „Дејли Мејл”.ribar-222-640x398

Се работи за т.н. амбра, отпадок од дигестивниот систем на кит. Некои тоа го нарекуваат и „пловечко злато”, а се користи во козметичката индустрија. Таа состојка овозможува мирисот на парфемот да трае подолго.

Рибарот за списанието изјавил дека од своите 60 килограми амбра заработи два милиони долари и најави дека ќе прекине со риболовот и ќе му се препушти на луксузниот живот.

Амбрата е всушност дигестивен секрет што китовите го лачат и исфрлаат, а во неколкугодишното лебдење во морето се згуснува и нараснува, поради морската сол. Се верува дека служи за да ги заштити китовите од тврди и тешки предмети што тие можат да ги проголтаат.

Некои сметаат и дека таа сива густа, мека смеса може да биде и афродизијак.

Најголемата амбра е пронајдена во Австралија во 1913 година. Нејзината маса изнесувала 455 килограми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1