Робин Вилијамс се обесил во својот дом


Светот денеска тагува по легендарниот актер Робин Вилијамс кој почина вчера попладне во својот дом во Лос Анџелес на 63-годишна возраст.

robin 3Првичните информации беа дека тој извршил самоубиство, а сега американските медиуми пренесуваат дека тој се обесил во својот дом.

Како што пишува PerezHilton, смртта на актерот настанала од асфиксија (медицински: престанок на чукањето на срцето), а како причина за тоа се наведува смрт од бесење.

Се чини дека легендарниот актер се обесил во својот дом.

Според информациите, тој не оставил проштално писмо, што значи, за жал, никогаш нема да го разбереме овој трагичен настан.

Информација за можните мотиви за самоубиството на легендарниот актер сеуште нема, но неговата агентка изјавила дека во последно време тој пател од тешка депресија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1