Родители екстремисти го снимиле моментот на збогување со ќерките кои извршиле бомбашки напад!


На интернет се појави морничава снимка од родители кои се простуваат од своите две ќерки, кои под нивно влијание одат во самоубиствен напад.

На снимката се гледа маж, кој двете девојчиња на возраст од 7 и 8 години, ги учи како да го извршат нападот. Потоа ги прегрнува жена облечена во бурка. Наводно девојчињата се викаат Ислам и Фатима.islamisti-roditeli1

На снимката се гледа препознатливото црно-бело знаме на ИСИС, а во позадина може да се слушне музика каква што ги проследува пропагандните видеа на терористичката група.

Двете девојчиња кажуваат „Алах икбар“ (Бог е голем).

Според сириските медиуми, мажот и жената на снимката се родителите на несреќните девојчиња.

Мажот во еден момент ја прашува жената зошто девојчињата толку млади ги испраќа во џихад, а жената спремно одговара: „Џихадот не знае за години и секој муслиман мора да учествува во него“.ilamisti-roditeli

Човекот за кој се верува дека е татко на двете девојчиња прашува една од нив: „Што ќе правите денес?“, а таа смирено му одговара дека ќе „изведе самоубиствен напад во Дамаск“.

Инаку, најверојатно станува збор за неодамнешниот напад врз полициска станица во сириската престолнина Дамаск, во кој беше далечински активирана бомба која беше поставена на девојче кое влегло во станицата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1