Родители монструми од Балканот – си ги убија децата, па себе


Стравично убиство и самоубиство ја потресе Босна и Херцеговина. Горан Мишановиќ (29) со пиштол си ја уби ќеркичката (3), а потоа пукаше во себе. Полицијата ги нашла мртвите татко и дете во неделата околу 13 часот во семејната куќа во Модрича.

Мишановиќ пред една недела се развел од сопругата, но никако не можел да се помири со тој факт.goran-misanovic-ubistvo-samoubistvo-modrica-foto-facebook-1440357207-725189

– Наводно ѝ се заканил дека цел живот ќе жали што го напуштила, но тие негови закани никој не ги земал сериозно или барем никој не помислувал дека олку сурово ќе ѝ се одмазди, велат блиски за бањалучкиот весник Независне новине.

– Пред разводот тој брак беше проблематичен, а нивните односи беа многу нарушени. Уште пред еден месец си замина од дома и покрај неговите закани не се врати. За викенд го зема девојчето и го стори тоа што го стори. Сите сме шокирани, раскажува еден од соседите.

Никој се уште не знае каде е мајката на детето. Во последните десет години сведоци сме на монструозни убиства во кои еден од родителите крвнички ќе му пресуди на своето малолетно дете. Во повеќето случаи веднаш по убиството си пресудуваат и себе си на сличен начин, или заедно прегрнати заминуваат во смрт.

Се разнел со бомба себе си и тригодишниот син

Во бањалучкото село Биље во 2001 година хрватскиот бранител Илија Милановиќ огорчен што не му бил признаен статусот на воен инвалид активирал две бомби М-75, се убил и го убил тригодишниот син Матеј.

Илија боледувал од пострауматски синдром, а неколку пати безуспешно се лекувал. Тој ден исчезнал со детето. Неговата невенчана сопруга ја известила полицијата која веднаш почнала да трага по таткото и синот. Сопругата претчувствувала дека ќе се случи нешто лошо, па почнала да пребарува по облеката на Илија и некаде по полноќ се јавила во полиција и пријавила дека во облеката на сопругот пронашла проштално писмо, од кое може да се насети дека има намера да изврши самоубиство. Наскоро на необработена површина зад католичките гробишта во Биље полицијата ги пронашла мртвите тела на таткото и синот. Истрагата покажала дека починале од повреди добиени од рачна бомба.

Ладнокрвно ги застрелал ќеркичките, па си пресудил

Дарко Гаиќ (38) во 2010 година ги убил ќерките Патриција (14) и Петра (6), а потоа си пресудил. Тоа го сторил пред очите на сопругата во нејзиниот дом во загрепската населба Дубрава. Насилникот бил регистриран во полициската евиденција.
Пред убиството се вратил кај сопругата, со која не живеел, а кога таа не прифатила да се смират, почнал да ѝ се заканува. Ѝ најавил дека ќе ги убие децата, а тоа и брзо го реализирал. Вооружен со пиштол влегол во куќата и ладнокрвно ги застрелал ќерките кои излегле од детската соба кога слушнале караници и викотници во ходникот. Потоа се застрелал самиот.

Му го пресекол вратот на синот, па се обесил

Мауро Пинзан (33) од Водњан во 2011 година во семејната куќа му го пресекол вратот на синот Самуел (5), а потоа се обесил.sinzaklall

Мауро и неговата сопруга Натали биле разведени, а детето било со него за викенд. Соседите го познаваат како мирен и пристоен, но додаваат дека по разводот забележале дека е расеан. Во тоа време ниту работата не му одела, па се лекувал на психијатрија.

Со нож ги убил жената и синот, па потоа и себе

Среќко Жировчиќ (44) минатото лето со нож ја усмртил сопругата Ала (34) и нејзиниот двегодишен син Милан, а потоа со истиот нож си пресудил себеси. Телата лежеле во куќата најмалку десет дена. Дури кога од куќата почнала да се жири неподнослива смрдеа, мајката на Среќко му се јавила на 20-годишниот внук, син на Среќко од првиот брак, да дојде да провери. Момчето едвај успеало да ја отвори влезната врата, а кога влегло во станот на татка си, имало што да види – мртви и масакрирани тела лежеле на подот.

Со детето во прегратка скокнала од 11 кат

Една од најтрагичните приказни во 2014 година која ја потресе јавноста е за мајката која држејќи ја својата тригодишна ќерка во прегратка, скокнала од 11 кат во Загреб. Случаен минувач ги пронашол безживотните тела. Постарото детенце (7) во тој момент спиело. Наводно имала семејни проблеми.

Психијатар: Не сакаат да ги убијат децата, туку да ги спасат за да не страдаат како и тие

Познатиот хрватски психијатар Мијо Милас вели дека убијците на своите деца кои потоа си пресудуваат и самите себе си се наоѓаат во најтешка форма на депресија и имаат сериозни психички пореметувања и не ја гледаат смислата на својот живот, па оттука не ја гледаат ниту смислата на животот на нивните деца. Тие размислуваат на начин дека не сакаат и нивното дете да страда како што страдаат и тие. Уверени се дека и на детето му е тешко како што им е ним.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1