Родители, ова се 7-те работи кои вашите деца ќе ги помнат за вас кога ќе пораснат


Ова се 7 работи по кои ќе ве паметат вашите деца кога ќе пораснат:

Како сте се однесувале под притисок или стресroditeli-deca

Животот не е секогаш послан со рози и не може да биде, а вашите деца ќе го присвојат вашето однесување кога сте и под стрес. Нормално е дека треба да се напише домашната работа, вечерата не е спремна а вас ви доаѓа да експлодирате. Ако сте тип кој се крши и подклекнува под притисок, децата тоа можат да го почувствуваат. Ако сакате вашите деца да пораснат во личности кои лесно ќе се соочуваат со притисокот, морате и вие така да се однесувате.

Искуства и авантури кои заедно сте ги поминале

Искуствата, а не работите, се она што семејството го зближува и она што останува во глава. Затоа вашето дете нема да се сеќава на секоја играчка која сте му ја купиле за роденден или колку сладоледи сте изеле, но ќе се памти дека заедно сте иделе на сладолед и сте се смееле, ќе помни дека тогаш било среќно и возбудено дете бидејќи ваквите чувства остануваат со нас цел живот.

Позитивните работи кои сте им ги упатиле

Има многу зборови кои можете да им кажете на децата за тие да се чувствуваат посебно – “Горда сум на тебе” , “Ти го правиш ова семејство подобро” или “ти си навистина добар пријател”. Она што е заедничко на сите овие реченици е тоа што сите упатуваат на нагласувањето на добрите страни на детето. Ако така му зборувате на детето од мало, во фокус го ставате позитивното а не негативното и тоа е сигурно нешто што ќе го памети.

Она кога сте го оставиле телефонот на страна и сè што правите го правите поради детето

Во денешно време на напредни технологии, често ни се случува посебните моменти да ги гледаме низ камерата на телефонот и така ги пропуштаме малите работи кои децата сакаат да си споделат со нас бидејќи не сме доволно присутни во тој момент. Кога на децата комплетно им се посветувате (кога ќе го спуштите телефонот), тогаш тие чувствуваат дека сте комплетно нивни и се чувствуваат како да се сакани. Знаат децата дека ги сакате, но во тие посебни мигови тоа посебно го забележуваат, бидејќи сте запреле со вашето секојдневие за да го поминете времето со нив.

Како сте се однесувале во тешки ситуации

Вие на децата сте им пример и тие чекорат во несигурниот живот по вашите стапки. Кога ќе дојдат тешки времиња, како оние кога морате да се борите со некоја тешка болест во семејството, тие ќе се присетат на начинот на кој сте им зборувале за тоа, дали се чувствувале безбедно и спокојно и како вие сте реагирале во тие ситуации.

Начинот на кој вие и вашиот сопруг ги третирате другите луѓе (и еден со друг)

Децата секогаш учат ов вас! Ќе научат и ако оговарате некој позади грб или лошо се однесувате кон некоја личност – децата тоа ќе го попримат и ќе мислат дека и самите тие треба така да се однесуваат. Кога сте дома со децата и семејството, трудете се со партнерот да зборувате на позитивен начин со многу љубов и почитување. Така на децата ќе им бидете добар пример на кој ќе се угледаат.

Кога не сте биле тука за нив

Иако звучи многу негативно, ова е и позитивна работа. Иако ќе се сеќаваат на некои прилики во кои не сте можеле да бидете присутни, тоа е во ред бидејќи тоа е составен дел од животот – едноставно е невозможно секогаш да сте тука. Но, согласно на кажаното, децата ќе се сеќаваат кога прв пат учествувале на претстава на која вие не сте биле присутни, или првиот пат кога се случиле нешто толку важно така што трчале да ви го соопштат тоа. Тоа се работи на кои ќе се сеќаваат кога ќе пораснат.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1