Рудари го убиле директорот зошто имале мали плати


Рудари во Замбија убиле еден од директорите, а повредиле уште еден за време на побуната поради малите плати. За замбиските рудари виновник за малите плати бил кинескиот инвеститор и затоа го убиле директорот Кинез.

 

Убиен е Вуа Шенгази 50 годишен директор на рудникот. Го удрил рударски вагон кој на него го турнале разбеснетите рудари кога се обидел да избега од нив, изјавил полицискиот комесар Фред Мутондо.

Рударите од рудникот за јаглен ,,Колум,, во Синазонгве, 300 километри од Лусака, дигнаа бунт поради одложувањето на договорите за утврдување минимална плата. Ова не е прва побуна. Истите рудари и во 2010 дигнаа бунт. Но тогаш стрдаа тие. Двајца од управителите пукале на рударите и раниле 11 од нив.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1