Руни една година ќе чисти улици: Остана и без возачката поради три пати поголемото количество на алкохол во себе


Вејн Руни го прифати обвинението дека возел пијан, судот му ја одзеде дозволата на 24 месеци и го казни со една година општествено корисна работа.

Напаѓачот на Евертон денеска се појави пред суд откако на почетокот од овој месец заврши во полициска станица под сомнение дека возел во алкохолизирана состојба.

Тој имал три пати поголемо количество алкохол во себе од дозволеното, па Вејн Руни го прифати обвинението дека возел пијан и се извини за постапката.

Судот му ја одзеде дозволата на 24 месеци, а го казни и со една година општествено корисна работа, односно 100 неплатени часа.

Во соопштението кое Руни подоцна го издаде се вели: „По денешното рочиште, сакам јавно да се извинам за лошата проценка и тоа што возев пијан. Тоа е навистина погрешно”.

-Веќе му се извинив на моето семејство, на менеџерот, претседателот и сите во Евертон. Сега сакам да им се извинам на фановите и на сите оие кои ме поддржувале во текот на кариерата.

-Ја прифаќам казната која ја изрече судот и се надевам дека ќе се искупам за лошите постапки со извршување на општествено корисна работа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1