Руска двојка канибали изела над 30 луѓе од 1999


Двојка канибали, најверојатно, се одговорни за 30 ужасни убиства во Краснодарскиот Регион во Русија, објавија локалните медиуми цитирајќи ја полицијата. Делови од некои од жртвите, според информациите, биле складирани за подоцнежна консумација, пренесе „Раша тудеј“.

Маж и жена биле уапсени под сомнение дека се одговорни за 30 смртни случаи, иако полицијата досега може да идентификува само седум жртви, пренесува телевизијата „Маш телеграма“.

Двојката канибали признале дека делови од некои од жртвите биле сместени во фрижидерот, јави „Mir24“. Двајцата се вмешани во киднапирање, убивање и јадење на своите жртви од 1999 година.

Човекот бил уапсен претходно во септември откако остатоците на една жена биле пронајдени во неговиот дом. Според „Мир24“, биле пронајдени кофа со делови од мртвата жена, како и торба која, веројатно, ѝ припаѓала на жртвата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1