Руски сериски убиец призна најмалку 81 убиство


Поранешен полицаец осуден на доживотен затвор поради убиство на 22 жени од местото од областа Иркутск во источен Сибир а е обвинет за уште 47 убиства, сега дал признание за уште 59 жртви, пренесуваат во вторникот агенциите повикувајќи се на извори од рускиот Истражен комитет.ubiec-rusija-696x447

Во јануари 2015 година поранешниот полицаец Михаил Попков бил осуден на доживотна затворска казна поради убиството на 22 локални жителки и нанесување тешки телесни повреди на уште две жртви при обид за убиство. Злосторствата биле извршени во периодот меѓу 1994 и 2000 година, а телата на жените во местото Ангарск кои исчезнувале ноќе, подоцна биле пронаоѓани во различни делови на Иркутската област. Осомничениот бил идентификуван дури во 2012 година.

Во рамките на истрагата за овие мистериозни масовни убиства властите од неколку области во кои биле наоѓани телата со траги од насилна смрт разговарале, проверувале и тестирале повеќе од 30 илјади луѓе.

Во неколку случаи на местата на коишто биле најдени телата, биле откриени траги од гуми на возило од типот „нива“, па истрагата ги проверувала сите сопственици на вакво возило во регионот. Така всушност и било влезено во трагата на убиецот, кој во 1998 година дал отказ од службата во полицијата.

Потоа било откриено дека осудениот може да е одговорен за уште најмалку 20 случаи на нерасветлени убиства. Според државното обвинителство, полицаецот манијак, како што го нарекуваат некои руски медиум, за тоа му зборувал на друг затвореник со кој бил во иста ќелија.

Првично Попков, кога во 2012 година бил уапсен во Владивосток признавал само три убиства, но иследниците успеале да дојдат до докази и за другите негови злосторства. По изрекувањето на пресудата, мажот признал и други убиства.

Така, пишуваат медиумите, Попков дал признание за вкупно 81 убиство. За споредба, осудениот во 1994 година масовен убиец во Русија, Андреј Чикатило, извршил 53 докажани убиства.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1