Сака Турција да покаже добра воља? Нека ја врати АЈА СОФИЈА НА ХРИСТИЈАНИТЕ – бара РУСИЈА


Пратениците на руската Државна дума ја поддржаа идејата на православната црква да ѝ се врати „Аја Софија“ во Истанбул, соопшти претседателот на комитетот на Думата за имотни прашања, координаторот на меѓупартиските парламентарни групи за заштита на христијанските вредности, Сергеј Гаврилов.

Гаврилов истакна дека руската страна смета дека е неопходно да потсети на најстарата светост на целиот христијански свет, „Света Софија Цариградска“, древната византиска црква чија историја е поврзана со историјата на Вселенски собор.

ajasofija

„Очекуваме од турската страна пријателски чекор, враќање на христијанската црква ‘Света Софија“, изјави Гаврилов.

Пратеникот Сергеј Гаврилов, член на Комунистичката партија, кој е и на чело на меѓупартиската група за заштита на христијанските вредности вели дека тоа би било пријателски чин.

– Очекуваме таков гест од Турција, враќање на Аја Софија на христијанската црква. Русија е подготвена материјално да се ангажира и за реставрација да ги задолжи најдобрите експерти и научници, рече Гаврилов.

Според него, тоа би бил голем чекор со кој, по уривањето на рускиот авион, „Турција и исламот би покажале дека добрата волја е над политиката“.

„Аја Софија“ по отоманската окупација на Истанбул во 1453 година била претворена во џамија, а во 1935 година е претворена во музеј. Впишана е во листата на културни богатства на УНЕСКО во 1985 година.

Особено последните месеци беа регистрирани манифестациите кога илјадници муслимански верници  пред знаменитата Аја Софија, се молат овој храм кој во 1930-те стана музеј, повторно да биде претворена во џамија.

Последниот таков настанот во јуни годинава го организираше Друштвото на младите од Анадолија во спомен на годишнината од падот на Константинопол во 1453 година, денешен Истанбул. Дотогаш Аја Софија, која се смета за ремекдело на византиската архитектура, била соборен храм на Византиското царство. Потоа храмот служел како џамија во Отоманското царство до 1934 година, кога Мустафа Кемал Ататурк, основачот на современата турска држава, ја претворил во музеј.

Меѓутоа, откако во 2002 година на власт дојде конзервативната исламистичка партија Правда и развој, постојано се лобира за тоа Аја Софија, којашто од 1985 година е ставена на листата светското културно наследство на УНЕСКО, повторно да биде претворена во џамија. Така, во мај неколку стотици лица во организација на неколку невладини организации во Турција, вклучително и Фондацијата за хуманитарна помош (IHH), одржаа митинг пред Аја Софија со кој бараа таа да биде претворена во џамија.

Ова прашање станува централен дел од културниот судир во Турција, поделена на оние кои сакаат да ги зачуваат придобивките од секуларната држава како што ја формирал Ататурк и оние кои сакаат да го зајакнат влијанието на исламот.

Главната христијанска светија во турската метропола соборниот храм Света Софија (Црквата на светата Мудрост) своевремено најголемиот храм во христијанскиот свет, е изградена во 537 година, а работите на неа се започнати во 532 година, во периодот од 1204 до 1261 година била претворена во католичка црква во текот на крстоносните војни, а потоа повторно седиште на Цариградската патријаршија, за по османлиското освојување на Мехмед Втори на Цариград во 1453 година да е претворена во џамија па потоа во музеј во 1934 година во времето на основачот на современа секуларна Турција, Мустафа Кемал Ататурк.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1