Секоја година милиони луѓе се пријавуваат на лотаријата за зелена карта – односно извлекување за добивање дозвола за постојан престој во САД.
Аплицирањето за оваа година започна 3 октомври а ќе трае до 3 Ноември.
Дозволите се издаваат за 2014 година, а оние кои ќе се пријават на 1 мај 2013 ќе знаат дали се одбрани. Минатата година на лотаријата се пријавиле околу 8 милиони луѓе, а исто толку се очекува и оваа година.
,,зелена карта,, ќе добијат само 50.000 пријавени. Пријавувањето се врши исклучиво на интернет сајтот www.dvlottery.state.gov.
И оваа година во лотаријата немаат право да учествуваат оние што се родени на територијатана земја која има повеќе од 50.000 имигранти во САД во последните пет години – државјани на Бангладеш, Бразил, Канада, Кина, Колумбија, Хаити, Мексико, Пакистан, Филипини и Виетнам, пренесува Гласот на Америка
Повеќе информации за лотаријата и кои има право да учествува има и на wikipedia.org
12 Responses to “Сакате да живеете во Америка – почна лотаријата за ,,Green card,,”