Самохраната мајка избркана од АХВ поднесе жалба: Се надевам дека Агенцијата за администрација ќе ги штити правата


Денеска ја поднесов мојата жалба до Агенцијата за администрација за моето отказно решение кое што е неосновано и незаконски донесено за престанок на мојот работен однос, изјави Катерина Матиќ.

-Се надевам дека Агенцијата за администрација во законски предвидениот рок ќе донесе одлука за одбивање на незаконското донесено решение за моето работно место бидејќи има многу докази кои ќе го докажат моето присуство на работа, иако во образложението се наведува дека електронски не сум се евидентирала, вели Катерина Матиќ.

Таа потенцираше и дека самиот директор е свесен и знае дека во тој период се правеа припреми за регионалната конференција на европската агенција за безбедност на храна која што се одржа на 12/13 јули во Македонија.

-Главен и одговорен кој што ја подготвуваше таа конференција без јас и се надевам дека Агенцијата за администрација ќе ги штити правата на административците, порача Матиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1