Сашо Василевски и Љупчо Зиков директори во МЕПСО


Сашо Василевски и Љупчо Зиков се назначени за директори во МЕПСО.

Владата вчера решила Василевски да го назначи за директор на МЕПСО, додека Зиков е назначен за директор за финансии во компанијата.

Сашо Василевски бил заменик министер во Министерството за правда од 2006 до 2008 година. Тој работел и како адвокат во Ресен, а од 2011 до 2015 година бил член на Советот на јавните обвинители.

Љупчо Зиков е новинар и директор на неделникот Капитал. Тој беше претседател на партијата Алијанса за позитивна Македонија, основана заедно со Минчо Јорданов и Владо Бучковски пред изборите во 2014 година. На последните избори партијата учествуваше во коалицијата предводена од СДСМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1