СДСМ: МВР брзо да го расветли случајот за бомбата во домот на родителите на Милошоски


СДСМ денеска во соопштение го осуди инцидентот за кој на фејсбук информира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски за поставена бомба во куќа на неговите родители во село Ижиште во Македонски Брод и побара Министерството за внатрешни работи брз да го расветли случајот.

– Најостро го осудуваме инцидентот што се случил во домот на родителите на Антонио Милошоски. МВР мора веднаш да го расветли случајот со поставената бомба, а извршителите мора да бидат најдени и соодветно казнети. Дестабилизацијата во државата мотивирана и креирана од Груевски и соработниците мора веднаш да престане, бидејќи таа не носи ништо добро за никого, се вели во соопштението од СДСМ.

Милошоски на фејсбук објави дека во куќата на неговиот татко вчера била поставена бомба која, како што пишува тој, е закана кон него и кон неговите родители поради неговата политичка активност.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека вчера во 18:00 во атарот на село Ижиште во Македонски брод, М.М. (66) од Кичево, додека косел во дворот во сопствената куќа оштетил метален предмет кој претходно не го забележал. Од ударот предметот почнал на чади што кај М.М предизвикало солзење во пределот на очите и носот и болка во градите. Потоа се упатил во една од подрумските простории каде на влезната врата пронашол експлозивна направа поставена од внатрешната страна на влезната врата.

Од извршениот разговор М.М појаснил дека последен пат во куќата бил на крајот од минатиот месец и тогаш не забележал ништо.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и полициска станица, увидна екипа од ПС Македонски Брод и екипа од одделот за антитерористичка заштита при што е подигнат предметниот материјал и се работи на целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1