СДСМ се пишмани – на избори ако добие одложување – ВМРО-ДПМНЕ ќе одложи за листите, но не и за изборите


ВМРО – ДПМНЕ повтори дека не постои теоретска можност за каков било договор со СДСМ во кој се споменуваат предвремени избори во која било опција и во која било варијанта, ниту, пак, постои можност за пролонгирање на датумот за одржување на локалните избори.

gruevski crvenkovski

Со цел да се овозможи учество на опозицијата и измени на Изборниот закон согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, локалните избори да се одложат за еден месец и да се одржат на 28 април. Ако на тие локални избори советничките листи на здружената опозиција „Сојуз на иднината“ освои бареме еден глас повеќе од листите на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ да има предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 29 септември.

Ова, денеска на прес-конференција го објави претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски, како последни предлози на опозицијата за надминување на политичката криза во Република Македонија.

sdsm

Ако овие предлози не бидат прифатени, нагласи тој, опозицијата ќе ги бојкотира локалните избори, а нивните пратеници ќе ги достават оставките во Собранието. Доколку предлозите бидат прифатени опозицијата ќе се врати во Собарнието.

На новинарско прашање дали ако не освојат барем еден глас повеќе на локалните избори на советничките листи ќе бараат предвремени парламентарни избори, Црвенковски потенцира дека во тој случај нема да бараат да се одржат предвремени парламентарни избори. Без разлика на резултатот од евентуалните локални избори, информира Црвенковски, тој нема да бара уште еден мандат за претседател на СДСМ.

Црвенковски изрази жалење затоа што еврокомесарот за проширување Штефан Филе поради настанатата ситуација ја откажал претходно планираната посета на Република Македонија

vmro-sediste

Сепак, ВМРО – ДПМНЕ му нуди на СДСМ можност ако се согласат вечерва до 19 часот, законски да се продолжи рокот за доставување на советничките и градоначалничките листи за 3 до 4 дена, но не и рокот за одржување на локалните избори.

Во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ на прес – конференцијата на лидерот на СДСМ, се посочува дека овој одговор е со цел да не му се остави можност на Црвенковски да си создава дополнително алиби пред цела јавност, со тоа дека нема време за подготовка на советничките листи или за евентуални измени на изборниот закон, доколку се оцени дека е потребно согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР и оти веќе е во цајтнот и од таа причина нема да учествува на локалните избори.


– Евентуални измени на изборниот закон, доколку се констатира потреба од тоа, се можни да се случуваат во тек, за тоа има законска можност и тоа воопшто не кореспондира со поднесувањето на советнички листи и кандидатите за градоначалници, се вели во реакцијата и уште еднаш се потсетува дека оваа понуда важи до денес до 19 часот.

Доколку и ова не се прифати, оценуваат од ВМРО – ДПМНЕ, јасна е намерата дека Црвенковски бега од избори и соочување со народот, и јасно е дека одработува за некого и се бори за својата лична кариера, наспроти запазување на државниот интерес.

Во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ информираат дека остануваат на претходно објавениот пакет за излез од оваа ситуација, кој претседателот Никола Груевски го понуди на 12.02.2013 година.

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1