СДСМ: Со одзементите ингеренции во МВР се враќа довербата!


Новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера донесе одлука со кој престануваат да важат сите пренесени овластувања од министрите кои раководеле со МВР од денот на изборот на новиот министер е за да се спречат сите злоупотреби.sdsm640nasa

Оваа одлука од опозициската СДСМ велат дека министерот ја донел со цел да се воведе ред и обезбедување на целосно почитување на законите, транспаретното и одговорно работење на МВР во интерес на граѓаните.

„Нема веќе злоупотреба на државните институции. Министерството за внатрешни работи, како државна инситуција, ќе им служи на сите граѓани во Македонија а не само на една партија како досега“, велат од СДСМ.

Реакциите во одредени медиуми од опозицијата ги карактеризираа како панична реакција во власта од превземањето на контролата од страна на граѓаните.

Имено Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера со телеграма ги известил сите раководни лица дека престануваат да важат сите пренесени овластувања од министрите кои раководеле со МВР до денот на изборот на новите членови на владата, односно до неговиот избор.

Сепак, поранешната министерка Гордана Јанкуловска смета дека со ваквата одлука во прашање се доведени функциите на државата. Таа коментирајќи ја најновата одлука на Спасовски.

Јанкуловска на Твитер предупреди: „Функциите на државата се доведени во прашање!“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1