Се бара поништување и „трет круг“ за изборите во Струга


Ограноците на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во Струга на заедничка прес конференција обвинија дека вториот круг од локалните избори бил нерегуларен и побараа ДИК да ги поништи резултатите од вчерашното гласање за градоначалник, според кои победник е кандидатот на ДПА Зијадин Села.

Двете партии изнесоа примери на нарушување на изборниот процес, што според нив влијаело на исходот од гласањето.

kochoski„Сакаме да ја известиме македонската јавност дека изборните резултати во општина Струга за нас се целосно нерегуларни и неважечки. Како доказ за овие нерегуларности се признавање на резултатите од повеќе избирачки места каде што беа евидентирани празни избирачки ливчиња и каде беа утврдени повеќе избирачки ливчиња во гласачките кутии. Оттука бараме од ДИК да го поништи целосно вториот круг во општина Струга и да овозможи фер и регуларно гласање, да овозможи нов изборен круг на кој граѓаните на Струга слободно ќе ја изразат својата волја без никаков диктат.-изјави Крсто Мукоски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ и координатор на ИШ на кандидатот за градоначалник Владо Кочоски.

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Струга, Ристе Ќушкоски, посочи примери за изборни нерегуларности на две гласачки места во Лабуништа.

„Во Лабуништа имаше јавно гласање, шест души гласаат јавно, а претседателот на избирачкиот одбор воопшто не реагираше. Исто така во избирачко место затекнат е член со туѓа лична карта, а претседателот на избирачкиот одбор наместо да реагира го извлекува лицето од избирачкото место“, рече Ќушкоски.

sdsm vmro

Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ – Струга Перо Петкоски, посочи дека на повеќе членови и заменици во избирачи одбори не им било дозволено да поднесат забелешки во записниците под присила, а советникот Никола Затуроски, истакна дека на денот на изборите приведени се лица меѓу кои и странски државјани кои гласале за лица кои се дел од избирачкиот список во општина Струга.

Забелешки искажа и кандидатот за градоначалник Владо Кочоски, кој го обвини политичкиот ривал дека вршел агитација пред гласачки места со што, како што рече, го прекршил изборниот законик.

За посочените неправилности, според ВМРО ДПМНЕ и СДСМ одговорна е Општинската изборна комисија.

„Бараме разрешување на членовите на ОИК на чело со претседателот Џингис Хани и членовите Камбер Даути и Патриот Даути кои беа директни учесници во нерегуларностите и поддржувачи на овие нерегуларности“, рече пратеничката Лилјана Затуроска.

Според неа, исто така, е потребно да се промени составот на изборните комисии, односно да се овозможи правична застапеност на македонците во изборните комисии, со што ќе се овозможат услови во Струга да има легитимни избори.

Izvor – Lokalno.mk

MK News

Автор инфо

2 Responses to “Се бара поништување и „трет круг“ за изборите во Струга”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.