Се обеси човекот кој ја украде медицинската документација на Шумахер


Мажот осомничен дека го украл здравствениот картон на тешко повредениот поранешен светски шампион во Формула 1, Германецот Михаел Шумахер, пронајден е во средата обесен во ќелијата во полициска станица, објави кантоналното државно обвинителство во швајцарски Цирих.

sumaherМажот, чиешто име не се наведува, работел како менаџер во швајцарската хеликоптерска компанија „Rega“, којашто учествуваше во транспортирањето на Михаел Шумахер од болницата во француски Гренобл во Универзитетската болница во Лозана на 16-ти јуни, како Шумахер се разбуди од кома.

Седумкратниот победник во Формула 1, 45-годишниот Шумахер, се здоби со тешки повреди на главата кон крајот на минатата 2013 година на скијачките терени во француските Алпи.

Францускиот дневен весник Le Dauphine Libere, на почетокот од јули пишуваше дека украдените податоците за неговата здравствена состојба којашто долго се таеше од јавноста им биле понудени на неколку европски медиуми за 60 илјади швајцарски франци од интернет адреса којашто и’ припаѓа на споменатата швајцарска хеликоптерска компанија.

Компанијата „Rega“ на 8-ми јули поднесе кривична пријава поради сомневање во кражбата на податоците, но тврди дека во тоа време не поседувала докази дека некој од нејзините вработени е инволвиран во кражбата.

Истрагата на кантоналното државно обвинителство во Цирих доведе во вторникот до апсење на вработен во компанијата под обвинение за повреда на приватноста на пациент и на лекарска тајна. Уапсениот, кој требаше да биде сослушан во средата, ги отфрлил сите обвиненија.

Државниот обвинител изјави дека нема знаци дека некој друг е вмешан во неговата смрт. Претседателот на управата на „Rega“, Ернст Колер соопшти во средата дека компанијата е „ожалостена“ поради овој „трагичен случај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1