Се одбележуваат десет години од смртта на нашиот ангел – Тоше Проески


Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на големиот човек и пејач, Тоше Проески кој трагично загина во 2007 година, во својата 26-та година од животот.

Тоше на 16 октомври загина во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац во Хрватска. Пејачот спиел во џипот кој удрил во шлепер пред него.

Тој во 2004 година беше именуван за регионален амбасадор на добра волја на UNICEF, а исто така е и добитник на хуманитарната награда “Мајка Тереза”. Во текот на својата кариера, Тоше објави десет албуми, а неколку и во превод на српски и хрватски јазик. Последниот албум на кој работеше беше „Игри без граници“, а по неговата смрт беа објавени уште три албуми со негови песни.

Фондацијата “Тоше Проески” најави нов албум кој би требало да пристигне кон крајот на ноември, а се состои од песни на Тоше, снимени на англиски јазик во Лондон.

На албумот ќе се најдат шест песни, меѓу кои и песната “Light The Flame” која официјално беше промовирана на 5-ти октомври, на манифестацијата “Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”. На албумот ќе има и неколку преработки од неговите стари хитови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1