Се огласи и Марион Котијар, жената која го “растури“ бракот на Бред и Анџелина


Вчера адвокатката на холивудската актерка Анџелина Џоли ја потврди веста дека актерката поднела барање за развод од бракот со Бред Пит.

Веста одекна низ Холивуд и веднаш почнаа шпекулациите околу причините за разводот на двогодишниот брак.landscape-1474385274-hbz-brangelina-marion-index

Некои медиуми тврдат дека Бред имал афера со француската актерка Марион Котилард која ја запознал на сетот на снимањето на филмот „Allied”.

Самата Котијар сепак ги негираше гласините дека е третата страна во љубовен триаголник. Таа е категорична дека нема врска со Бред Пит и не е одговорна за разводот со Анџелина Џоли.

41-годишната Французинка се чувствувала „скршена” од обвиненијата кои се пропагираат во медиумите. Котијар тврди дека е среќна со својот партнер, со кого се заедно девет години.

„Ваквите тврдења воопшто не личат на Марион. Таа е среќна со својот маж“ – изјави извор за „Дејли Меил“.

За ваквите гласини допринесол и коментарот на продуцентот на филмот во кој Марион и Бред глумеле заедно, за тоа како нивната енергија на снимањето била неверојатна.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1