Нова болест – убива за 24 часа – Главоболка, замаглен вид се дел од симптомите


Најмалку 17 лица починаа од мистериозна болест која заболените ги убива во рок од 24 часа, соопшти денеска нигериската влада.

Мистериозната болест избила кон почетокот на неделата во градот Оде Иреле, соопшти портпаролот на државата Ондо, Кајоде Акинмаде.karantin

Болеста, чии симптоми вклучуваат главоболка, губење на телесната тежина, загуба на видот и губење на свеста ги убива своите жртви во рок од 24 часа од првите симптоми, прецизираше тој.

Акинмаде наведе дека лабораториските тестови исклучиле ебола или кој било друг вирус.

Тој соопшти дека во Оде Ореле стасале здравствени работници, експерти од владините и хуманитарните агенции, како и епидемиолози од Светската здравствена организација.

СЗО соопшти дека има информација за 14 случаи на болеста, од кои 12 мртви.

Покрај 17 починати, во изминатите 72 часа не е забележан ниту еден нов случај на болеста и таа не се проширила надвор од градот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1