Се појавил пред 1 година во филмот “Џихадистите од соседството”, а во саботата газел и колел луѓе во Лондон


Бат се појавил во документарецот “Џихадистите од соседството”, заедно со уште двајца озлогласени свештеници, кои и биле добро познати на полицијата и разузнавачките службеници поради екстремистичките ставови.

Еден од напаѓачите во Лондон, чие име вчера било објавено, се појавил минатата година во телевизиски документарец за британските џихадисти.

Како што оценува Daily Mail, вмешаноста на Хурам Шазам Бат во нападот на Лондон претставува голем срам за британската полиција и нејзините безбедносни служби, бидејќи тој дури и бил снимен за време на судирот со полицијата додека го одмотувал знамето на ИСИС во еден парк во Лондон, носејќи “Rayban” очила.

Бат се појавил во документарецот “Џихадистите од соседството”, заедно со уште двајца озлогласени свештеници, кои им биле добро познати на полицијата и разузнавачките службеници поради екстремистичките ставови. Во документарецот се предупредува за растот на радикалниот исламизам во Лондон.

Бат бил виден како се моли со група радикални муслимани во Риџент парк. Бил во друштво на Мохамад Шамсудин, кој бил снимен како предупредува дека црните знамиња на исламот еден ден ќе се веат на Даунинг стрит. Шамсудин ги повикал Британците да го усвојат шеријатскиот закон.

Бат на снимката бара компас за да може да се заврти кон Мека.

Еден негов познаник го пријавил на жешката линија за борба против тероризмот, откако се радикализирал гледајќи видео снимки од екстремисти на ЈуТјуб. Полицијата подоцна била предупредена дека се обидел да радикализира деца во локалниот парк пред две години, а им давал и пари за чоколади за да го слушаат. 

“Го направив своето, знам и дека и други луѓе го направија своето, но властите не ја завршија својата работа”, рекол неговиот познаник истакнувајќи дека ни полицијата ни MI5 никогаш не го контактирале.

27-годишниот Бат бил оженет и татко на две деца, со потекло од Пакистан. Прекарот му бил “Абз”, а работел во KFV.

Со семејството неколку години живеел во источен Лондон, а Reuters пренесува дека од порано им бил познат на полицијата и MI5, како и дека немало докази дека нападот бил планиран.

Неговото име и фотографијата ги објавила вчера британската полиција, како и името на уште еден од напаѓачите, Рашид Редуан.

Седум лица биле убиени, додека 48 луѓе биле префрлени во болница откако тројцата екстремисти ги покосиле со комби на Лондонскиот мост, а потоа во Бороу боделе луѓе со нож.

Сите тројца биле убиени во пресметка со полицијата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1