Се појавила зараза – Град со 30.000 лица ставен под карантин


Кинескиот град Јумен со 30.000 жители, е под карантин, откако еден маж почина во болница, од последица на бубонска куга. По утврдување на заразата, власта воведе и полициски час со кој се забранува секакво движење од центарот кон периферните делови на градот.

karantinКако што пренесе кинеската државна агенција „Синхуа“, се верува дека никој од жителите не е заразен, но и покрај тоа повеќе од 150 лица за кои се верува дека биле во контакт со починатиот се ставени под посебен надзор.

Бубонската куга е бактериска инфекција која во 14-от век убила 50 проценти од населението во Европа, а уште неколку милиони луѓе за време на епидемијата во Кина во 19-от век. Според Светската здравствена организација, станува збор за една од најсмртоносните заразни болести во светот.

Иако денес постојат антибиотици кои може да ја излекуваат болеста, доста често доаѓа до фатален исход доколку пациентот не ја добие соодветата терапија во рок од 24 часа. Оваа болеста најчесто ја пренесуваат бувите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1