Се породила на бојно поле, не знаела дека е трудна


Британка во воена служба родила бебе на бојно поле, а не ни знаела дека е трудна. Жената во вторник родила машко дете во кампот Бастион, само неколку дена откако талибанците ја нападнале главната британска база во Авганистан.

 

Иако бебето е родено предвреме, тоа е во стабилна здравствена состојба, како и мајката. Во моментот кога почнало породувањето, жената со хеликоптер е транспортирана во болница во која се превиваат и лекуваат ранети.

Полковникот Андреа Луис, командант на болницата рекла дека  вработените завршиле одлична работа, во ситуацијата за која не можеле ниту да претпостават дека може да се случи.

Педијатриски тим од болницата во Оксфорд, ќе допатува во Авганистан за да обезбеди адекватна здравствена нега и враќање во Велика Британија.

Фактот дека новопечената мајка не знаела дека е бремена, го шокира војниот врв на Британија. Надлежните веднаш наредиле во иднина детално да се спроведуваат лекарски прегледи, за да не се повтори ваков случај.

-Овие работи некогаш се случувале само во логори. Жената дошла овде да се соочи со последиците од војните конфликти, а си отишла како породилка – раскажува официјално воено лице.

Од 2003 година се откриени преку 300 трудници во воените редови, но, се уште не се случило некој да се погоди токму во Авганистан.

Tags: , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1