Се повеќе мозочни удари во Македонија


Бројот на пациенти со мозочен удар се зголемува. Во Скопје на 600.000 жители има меѓу 10 и 15 мозочни удари дневно што е голема бројка. Четириесет проценти од популацијата на возраст од 35 до 60 години има хипертензија, а најмногу од нив не ни знаат дека ја имаат.

mozok zlo1Возраста на пациентите се намалува бидејќи стилот на животот се менува. Почесто има пациенти на возраст од 30-35 години кои имаат дефиниран мозочен удар, а тоа значи дека веќе имаат големи промени на крвните садови за да може да се дефинира мозочен удар.

Ова денеска го истакна директорот на Градската општа болница „8 Септември“ Сашо Стојчев на одбележувањето на 8 Април – Светски ден на здравјето, чиј фокус годинава е високиот крвен притисок кој доколку не се лекува и контролира е „тивок убиец“ на голем број луѓе. Тој посочи дека стресот придонесува за нарушување на метаболизмот, зголемени масти во крвта и зголемен крвен притисок, а последица од тоа е срцев и за мозочен удар.

За жал, појасни тој, болницата е преполна, капацитетот е ограничен, има 240 пациенти, од нив 10 проценти се со мозочен удар, а полесните случаи се третираат во домашни услови со помош на Итната медицинска помош и домашна посета. Додаде дека ветровите, промената на влагата, фронтовските промени на времето влијаат на нивото на крвниот притисок.

Миа

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1