Се продава колата на Џемс Бонд ама и неговите сини гаќи


На големата аукција по повод 50 години од Бонд филмовите главна ѕвезда е автомобилот на агентот 007 “Астон Мартин” DBS V12 купе, кој се појави во филмот “Quantum of Solace”

Со аукцијата која е за хуманитарни цели завршува одбележувањето на 50 годишнината од првиот Бинд филм “Др. Но”, а е во организација на аукциската куќа Кристи.

Автомобилот, црна боја, модел 2008 година. година, се очекува да се продаде за 160.000 долари – аукцијата е на 5 октомври.

Сите приходи од аукцијата одат во хуманитарната организација посветена на заштитата на децата “Barnardo”.

На аукцијата исто така, ќе се најдат девет други познати Бонд предмети, вклучувајќи ги очилата за сонце кои Даниел Крег ги носеше во “Quantum of Solace”, специјално издание на Бонд книги во сопственост на Иан Флеминг, “Омега”, часовник кој Крег го носи во новиот филм “Skyfall” како и сините гаќи за капење кои тој ги носеше во “Казино Ројал”.

На онлајн аукција ќе најдете свилено фустанче кое Хали Бери го носеше во филмот “Умри друг ден” , костимот за капење на Урсула , режисерскиот стол од “Златното око”, ремен со златна тока кој  Кристофер Ли го носеше во филмот “Човек со Златен пиштол” и првото издание на ” во служба на нејзиното Височество” потпишан од страна на Флеминг.

“Кристи” соопшти дека 40 предмети ќе бидат понудени на онлајн аукција од 28 септември до 8 октомври и сите приходи ќе одат во УНИЦЕФ.

Повеќето од предметите се во сопственост на продуцентите на Бонд филмовите, но има и донации од Тимоти Далтон,  “Астон Мартин” и семејството на Иан Флеминг, креаторот на агентот 007.

Астон Мартин ДБС е еден од седумте автомобили кои биле користени за време на снимањето на “зрно утеха.” Астон Мартин, е омиленото возило на Бонд и прв пат се појави во “Голдфингер” 1964.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1