СЕ ПРОТЕСТИРА ПРЕД ДИК: Граѓаните бараат од ДИК да ги признае изборните резултати (ВИДЕО)


Голем број граѓани се собраа вечерва пред Државната изборна комисија каде вечерва се одржува седницата на која се одлучува по приговорите што ги доставија движењето Беса и СДСМ. Се слушаат скандирања како „лопови“ и „Македонија“, а се пеат и патриотски песни. Насобраните немаат партиски обележја на себе.dik-4

Како што пренесоа повеќе домашни медиуми, повод за нивниот собир е да ја одбранат волјата на народот на изборите кои се одржаа во неделата, а на кои, според првичните резултати од ДИК, победата отиде кај ВМРО-ДПМНЕ, партија која освои 51 мандат, додека СДСМ освои 49 мандати. Воедно, насобраните бараат Комисијата да ја повлече и одлуката за графолошко испитување на жена, која се пожали дека не можела да гласа зашто, како што таа тврдеше пред Комисијата, некој друг гласал на нејзино место и се потпишал во нејзино име.

Законски, ДИК има рок до полноќ да се изјасни по приговорите на политичките партии.

TV NOVA.MK

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1