Се проверува и македонското млеко – земени мостри за анализа


 Агенцијата за храна и ветеринарство од вчера почна да ги проверува и домашните млека – пишува „Дневник“. Земени се мостри за анализа од речиси сите примероци на пастеризирано и стерилизирано млеко, но и од млечните преработки на сите домашни млекарници.

mleko mkОфицијално во Агенцијата велат дека се во ред со домашното млеко. Експертите, пак, објаснуваат дека е многу веројатно да се појават отрови и во домашното производство бидејќи кравите се хранети со српска пченка. Во земјоделската инспекција уверуваат дека нема потреба од паника кај населението бидејќи во добиточната храна што се увезува не се најдени афлатоксини.

На рафтовите по маркетите на големо се продаваат сите спорни српски и хрватски млека за кои завчера беше потврдено од нивните лаборатории дека има канцерогени материи. Има трајни млека на „Суботичка млекарница“, „Нишка млекарница“, „Имлек“, „Мегле“, „Сомболед“ и „Шабачка млекарница“. Засега Агенцијата не планира нивно отстранување од промет. Пратките што сега се увезуваат не се пуштаат во промет додека не се добие потврда дека се здравствено исправни.

СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД ПРОДАВНИЦИТЕ 50 ВРСТИ МЛЕКО ВО СРБИЈА – ЕВЕ КОИ

mleko

– Домашното млеко е здраво и исправно, нема присуство на афлатоксини во него. Редовно се прави мониторинг на производството во сите млекарници во земјава и тоа е доволен доказ дека домашното млеко е здраво – вели Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна.

Експертите, пак, објаснуваат дека кај домашното млеко лабораториски анализи се прават само на суровото млеко. Со Правилникот за безбедност на храната, не е задолжително испитувањето на афлатоксин во финалните млечни производи. Но, во Агенцијата велат дека потрошувачите треба да се сигурни во безбедноста на домашните производи бидејќи штом резултатите од суровото млеко се негативни, тогаш афлатоксинот го нема и во финалните производи.

Лабораториски анализи на увозното млеко што влегува во земјава, инаку, во практиката се прават на 50 отсто од пратките.

Од досегашните испитувања немаме никакви сознанија дека е надминато дозволеното ниво на афлатоксин и не очекуваме тој да се појави во домашното млеко – изјави директорот на Државниот земјоделски инспекторатот Румен Стаменов за весникот.

Извор – Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1