Се радикализираат протестите: Се поставуваат шатори пред Собрание


Народно движење за Македонија ја споделува загриженоста со народот дека зачестените посети на земјата од актуелни и поранешни европски политичари под директна контрола на „ѕверот“, би можеле да го скршат и премислат претседателот Иванов да додели мандат за формирање влада заснована на сеалбанската платформа за рушење на Македонија и Македонците што е спротивно на Уставот и казниво според македонските закони.ndm-janko-bacev

„Поради овие причини, НДМ презема поактивна улога со поставување на шатори пред институциите кои ќе останат сѐ додека не дојде до отфрлање на сеалбанската платформа за редефинирање на Македонија и повлекување на предлогот Талат Џафери да биде собраниски претседател, имајќи предвид дека станува збор за човек кој, според УБК при МВР е вмешан во заседата кај Вејце каде ѕверски беа убиени осуммина македонски бранители во еден од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја“, се вели во соопштението од НДМ.

Од партијата додаваат дека очекуваат од надлежните органи во најбрз можен рок да ги издадат соодветните дозволи и одобренија за поставувањето на шаторите.

НДМ, исто така го повторува јануарскиот став дека партијата и народот „ќе ги применат сите свои планирани активности и по секоја цена, било со ненасилни или со насилни средства, ќе спречат формирање влада на антимакедонски основи“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1