Се разбудила од кома, неколку минути пред докторите да и ги извадат органите (Фото)


Девојката која по тешка сообраќајна несреќа завршила во кома, се разбудила неколку минути пред лекарите да прогласат дека нејзиниот мозок е мртов и да ја оперираат со цел да и ги извадат органите.

Лекарите одлучиле Карина Мелкиор (19) да ја исклучат од апаратите која ја одржувале во живот, по тешката сообраќајка. Но, само неколку минути пред да констатираат смрт, девојката почнала да мрда со нозете.

Сега нејзиното семејство ќе ја тужи болницата поради тоа што сметале дека лекарите ги сакале органите да ги добиат што побрзо.

„Многу брзо престанаа да се борат за нејзиниот живот, затоа што им бише потребен донатор“, смета нејзиниот татко.

Адвокатот на семејството вели дека таткото на Карина, неколкупати прашувал дали тие се обиделе да ја убијат неговата ќерка.

„Ова е голема траума и за нејзе и за нив. Родителите биле убедени дека веќе ништо не може да се направи за Карина и поради тоа пристапија да ги донираат нејзините органи“, вели адвокатот.

Докторите третиот ден по несреќата, им рекле на родителите дека мозокот на Карина функционира се послабо и ги советувале да потпишат согласност за донирање на нејзините органи.

Случајот со Карина ги примора Данците кои се регистрирани донатори да ја повлечат својата согласност од страв дека доколку нешто им се случи, лекарите предвреме ќе одлучат да престанат да се борат за да ги одржат во живот.

Владата на Данска прави нов нацрт на законот, кој ќе оневозможи на лекарите да извршуваат подготовки за земање на органите, се додека пациентот не биде прогласен за клинички мртов. Карина сега се опоравува во центарот за рехабилитација. Може да зборува, да се движи дури и да јава коњи.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

One Response to “Се разбудила од кома, неколку минути пред докторите да и ги извадат органите (Фото)”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.