Се самоуби режисерот на ,,Топ Ган,, – скокнал од мост во Лос Анџелес


 

Тони Скот, режисерот на филмот Top Gun и Days of Thunder, се самоуби вчера скокајќи од мостот Vincent Thomas во Лос Анџелес.

68 годишниот филмаџија околу полноќ се качил на оградата и веднаш скокнал. Крајбрежната стража го пронашла телото на Скот и според поручникот Џенифер Осбурн во неговиот автомобил, кој бил оставен на еден од паркинзите на мостот, пронајдена е проштална порака.

Скот беше режисер на филмот кој го прослави Том Круз – Топ Ган како и на Полицаецот од Беверли Хилс 2. познат е по тоа што постојано носеше црвена безбол капа. Неговиот брат Ридли Скот е исто така филмски директор. Заедно работеа на драмите на CBS ,,The Good Wif,, и ,,NUMB3RS,,

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1