Се судрија автомобил и автобус: 2 лица на скопска Клиника со тешки повреди, 19 повредени


На крстосницата од регионалниот пат Штип- село Софилари и магистралниот пат Радовиш- Штип- Велес, вчера околу 16:15 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Дачија Логан“ со прилепски регистерски таблици управувано од В.П. (58) од Виница и автобус со кочански регистерски ознаки управувано од Љ.Г. (32) од село Спанчево.urgenten brza pomos klinika

Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на подлактица, кичма и карлица) се здобила сопатничката од патничкото возило, Д.П. (54) од Виница, која по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Штип, поради сериозноста на повредите била пренесена во Клинички центар-Скопје.

По незгодата на лекарски преглед се јавиле двајцата возачи и 17 патници од автобусот, кај кои биле констатирани телесни повреди.

Кај возачот на патничкото возило, В.П. констатирана била тешка телесна повреда (фрактура на градна коска) и по укажаната лекарска помош бил пренесен на понатамошно лекување во Клинички Центар-Скопје.

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Штип, а возачите биле алкотестирани и притоа не било констатирано присуство на алкохол во крвта. Се работи на целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1