Се викам Попов, Душко Попов – Ова е човекот кој бил инспирација за Џејмс Бонд


Сте се запрашале ли дали вистинска личност му послужила како инспирација на Јан Флеминг да го креира Џејмс Бонд? И самиот Флеминг бил разузнавачки службеник и бил познат како човек со добар вкус за пијачка, жени и брзи автомобили. Но, изгледа постоело некое лице што служело како модел за фиктивниот Џејмс Бонд. Ви звучи ли познато името Душко Попов?

Душко Попов бил југословенски двоен шпион-агент за време на Втората светска војна. Во тој период Флеминг бил специјален асистент на директорот на Поморската интелигентна служба. Роден во богато семејство, кога бил млад се занимавал со различни професии пред да стане писател. Приказните за Џејмс Бонд се напишани по војната. Сепак, Флеминг признал дека се водел според личните искуства и според луѓето што ги сретнал во текот на војната. Такво едно запознавање било и во казиното „Есторил“ во Португалија, 1941 година.

Флеминг го набљудувал Попов во казиното додека тој се обложил против богат противник што избегал од нацистичка Германија. Казиното во приказната на Флеминг е заменето со името „Ројал“. Флеминг како службеник бил задолжен да го придружува Попов како MI6-придружба. Попов носел 40.000 долари, сопственост на владата на нејзиното величество. Попов се соочил со противникот и ги извадил парите на маса, а сите во казиното занемеле, па противникот на Попов се повлекол од играта.

Душко Попов бил роден во Србија, во влијателно семејство. Добил престижно образование, правна едукација и подоцна имал своја фирма. Течно зборувал германски и имал добри врски во земјата. За време на војната се вработил во германската разузнавачка организација како нацистички шпион. Бил вклучен во тренинг за шпионирање и добил друг идентитет под името Иван. Откако ги завршил мисиите за нацистите, се упатил во Лондон и изразил желба да им помогне на Британците – таму го добил името Трисајкл.

Оваа двојна игра на Попов се покажала како важна за поразот на нацистите. Германците му барале информации од Англија. Англичаните му давале погрешни информации кои тој ги пренесувал во Германија, доволно за нацистите да мислат дека имаат успешен шпион, но не знаеле дека ќе ги изгубат клучните операции. Негово најголемо постигнување е што ги убедил Германците дека сојузничката инвазија од Европа нема да започне во Нормандија, туку во Калас. Ова предизвикало диверзија кај Хитлеровите сили. Германците никогаш не се посомневале во Попов, иако тој константно ги саботирал нивните акции. Сепак, имало една нација кај која Попов не наишол на доверба.

Во 1941 година бил испратен во Америка да собере информации и да утврди мрежа на шпиони. Добил листа со барања за информации, меѓу кои и одбраната на поморската база „Перл Харбор“ на Хаваи. Попов го посетил и ФБИ и ги предупредил агентите за непријателските интереси. Спротивно на неговите очекувања, директорот на бирото, Џ. Едгар Ховер, одбил да поверува во неговите информации.

Уште една сличност меѓу Попов и Бонд – неговиот интерес за жени. Имал страсна афера со актерката Симон Симон, која ја сретнал во Париз, а бил познат и по тоа што живеел луксузен живот со многу жени. Иако во Америка неговите информации биле одбиени, тој продолжил да се забавува со многу познати личности во различни ресорти. Кога Хувер дознал за активностите на Попов во Америка, се заканил дека ќе го уапси доколку не ја напушти земјата што побргу.

Најголемата иронија во врска со Попов е што тој станал единствената индивидуа што по војната добила одликување и од Велика Британија и од Германија. Попов починал во 1981 година поради нарушеното здравје – алкохолот и цигарите. Јан Флеминг, пак, починал уште во 1964 година од срцев удар.

Извор: Факултети.мк

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1