Се забели и Србија, снегот го покри целиот регион


Во повисоките предели на делови од Србија и Босна и Херцеговина од ноќеска паѓа снег, кој предизвикува порблеми во нормалното одвивање на сообраќајот.

Како што соопшти јавното претпријатија „Патишта на Србија“, снег паѓа во повеќе делови во западна Србија, а поради снежната покривка на коловозот во прекин е сообраќајот на патниот правец Ивањица – Преко Брдо. 

Снег во текот на ноќта и претпладнево паѓа на планините Златар, Златибор, Јадовник, Јавор, Муртеница и Чемерница во западниот и југозападниот дел на Србија.

Врнежи од снег се регистирани и долж течението на реката Лим, на местата од над 400 метри надморска висина, како и во градот Нова Варош.

Снег паѓа и на повисоките планински предели во средна и источна Босна и Херцеговина, поради што властите препорачуваат внимателни возење на патните правци во овие региони.

На планината Јахорина е формирана снежна покривка во висина од 20 сантиметри, а во градот Калиновик од пет сантиметри.

Во остантите делови на Балканот преовладува претежно дождливо време.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1