Се запали автобус на ЈСП полн со патници – ЈСП демантира


Автобус на ЈСП кој што сообраќа на линијата 66 до Бучинци, утрово се запалил во близина на Миладиновци, објави А1.он.
За среќа патниците веднаш излегле од автобусот и нема повредени лица.

По информацијата која ја објави А1.он, дека се запалил автобус на ЈСП во селото Миладиновци, ЈСП испрати демант.

Во демантот на ЈСП се вели дека станува збор за возилото со гаражен број 1052 на линијата 66, кој за момент загубил воздух. Возачот на автобусот, по консултации со сервисните служби на ЈСП СКОПЈЕ, го рестартирал возилото и продолжил да вози безбедно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1