Се запалил Стејт Департментот – 4 повредени


Во пожарот кој во сабота по локално време се случи во американскиот Стејт департмент во Вашингтон, четири лица се сериозно повредени, јавуваат агенциите повикувајќи се на претставници на противпожарната служба.

Повредени се работници коишто работеле на одржување на зградата коишто се затекнале на седмиот кат кога избил пожарот. Работниците успеале да го изгаснат пожарот пред доаѓањето на пожарникарите, но четворица од нив биле повредени, а еден од нив е во животна опасност. Двајца се сериозно повредени, но не е соопштена природата на нивните повреди, додека за четвртиот повреден се соопштува дека го повредил коленото при пад од скала.

Според изјавата на портпаролката на американскиот Стејт департмент, Викторија Нуланд, до пожарот дошло во текот на рутинска работа на одржувањето во механичкиот оддел на зградата, којашто поради пожарот на кусо време била евакуиран. Во објектот имало малку луѓе, имајќи го предвид продолжениот викенд за празникот Денот на благодарноста

Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1