Селфи на Фејсбук ја однесе полицијата до убиецот


Чејен Роуз Антоан, 21-годишна девојка од канадскиот Саскатон, е осудена во понеделникот на седум години затвор поради убиство на својата најдобра пријателка Бритни Гаргол.
Со тоа е завршен случајот во кој полицијата дошла до сторителот на злосторството благодарение на две години старата фотографија која цело време стоела на Фејсбук.

Чејен уште од убиството, извршено во март 2015 година, слободно шетала низ светот, а правдата била задоволена и таа се нашла зад решетките благодарение на заедничкото селфи објавено на Фејсбук пред две години, а само неколку часа воочи убиството.

Истражителите на таа фотографија, и тоа по долго талкање и посети на слепи улици, конечно го воочиле ременот со кој жртвата била задавена, истиот оној кој го пронашле на местото на страотното злосторство.

Чејен во текот на судењето го признала убиството, но и истакнала дека не се сеќава на самиот чин, затоа што таа и Бритни воочи фаталната расправија испиле премногу алкохол.

Зборувајќи за тоа зошто истрагата долго траела, неколку часа откако ја убила својата пријателка Бритни, Чејен објавила статус на Фејсбук во кој, „многу загрижена“, запрашала дали некој знае каде се наоѓа Бритни, а во еден момент наводно на таа социјална мрежа напишала и дека се надева дека ќе го пронајдат убиецот посакувајќи да го тргне секое сомнение од себе.

Чејен, полицијата воедно цело време ја наведувала на неисправи траги па така на истражителите им раскажала дека Бритни отишла во непознато со некој маж кого случајно го запознале во еден локал.

Полицијата потоа се „фрлила“ во потрага по „фантомот“, но агонијата и губењето на времето конечно биле прекинати од неименува девојка која на полицијата и јавила дека Чејен веднаш по убиството на Бритни и се доверила што сторила.

Истражителите таа информација конечно ги насочила на вистинскиот пат, а прегледот на фотографиите на социјалните мрежи им овозможил да го набават крунскиот доказ.

Фејсбук не го избриша селфито

И покрај тоа што група корисници на социјалната мрежа испратиле барање за да се отстрани фотографијата, Фејсбук тоа го одбил, со образложение дека објавеното селфи не ги крши правилата на таа социјална мрежа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1