Семејството Морина се закани: Ќе направиме нешто многу радикално ако Исмаил биде екстрадиран во Србија


Ќе направиме нешто многу радикално што ќе ги изненади сите, доколку Исмаил Морина биде екстрадиран во Србија.Вака се закани семејството на Исмаил Морина, кој е осомничен дека управувал со дронот што носеше националистички транспарент над стадионот во Белград за време на натпреварот помеѓу фудбалските репрезентации на Србија и Албанија, одигран во октомври 2014 година.

Неговиот брат Џеваир се пожалил за телевизијата „Репорт“ дека владата во Тирана не обраќа доволно внимание на случајот на неговиот брат и тврди дека животот на Исмаил ќе биде загрозен во Србија.

-Ја повикуваме државата Албанија да интервенира и да ја сопре екстрадицијата. Ние, како семејство ќе направиме нешто многу радикално кое што ќе ги изненади сите, изјавил Џеваир, не откривајќи го својот план.

Инаку, Исмаил е по потекло од Кукеш на североистокот на Албанија, но живее во Италија и редовно ги посетувал натпреварите на албанската репрезентација.

По појавувањето на дронот над стадионот, веднаш избија серија на насилства на теренот, а Морина бил уапсен во јуни во Хрватска врз основа на распишаната потерница на српските власти.

Судот во Дубровник одобри екстрадиција на 35-годишниот Албанец во Белград.

Фудбалскиот сојуз на Албанија застана целосно зад Морина и го уверил семејството дека ќе сторат сѐ што е во нивна можност за нивниот син да се врати дома.

Албанската фудбалска федерација ги повика албанските власти да ја запрат екстрадицијата во Србија на Морина кој е обвинет дека управувал дрон со албанско знаме над стадионот во Србија, предизвикувајќи насилство меѓу навивачите.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1