Сепак слетал на копно – Потрагата по исчезнатиот авион се сели на копно


Потрагата по исчезнатиот малезиски авион кој сообраќаше на летот МH370 не даде резултат, а истражувачките тимови најавуваат дека доколку во наредните неколку денови не испливаат делови од леталото текот на истрагата ќе се промени.

avion1Тогаш истражувачите предвид ќе ја земат предвид и теоријата дека „боингот” не слетал во Индискиот Океан, туку дека се спуштил на копно.

„Доколку во текот на наредните неколку дена не дојдеме до позитивни резултати во истрагата, ќе мора да се прегрупираме и да ја разгледаме можноста дека авионот можеби слетал на копно”, рекол извор од меѓународниот тим на истрагата за странските медиуми.

Сепак, истражувачите не навеле име на земјата во која би можело авионот да слетал.

„Претпоставката за слетување на авионот во зафрлен дел на копното не е невозможна, со оглед на фактот дека не најдовме ништо што би можеле да го поврзиме со леталото. Сепак, малку е апсурдно да се мисли дека некоја земја го крие леталото, кога повече од 20 држави се вклучија во истрагата”, рекол неименуваниот извор.

Потрагата трае веќе 45 дена, а семејствата на исчезнатите патници губат секаква надеж. Малезиските власти се надеваат дека дека ќе се приклучат и други земји кои ќе сакаат да ги споделат своите сателитски и радарски податоци со цел да ја помогнат истрагата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1