Септември надпросечно топло во Европа – и во Македонија


Центарот за климатски прогнози Американската Национална управа за океани и атмосфера(NOAA) ги објави првите анализи на температурите и количествата на врнжи за овогодишниот септември.

Источниот дел на континентот вклучувајки ја и нашата земија и соседните земји имаа потопол септември од просекот со температурно отстапување до 3°C. Слична е ситуацијата и во Португалија. Најтопло било во поголем дел од Србија, Романија и на југ од Украина. Во поголем дел од западна, северозападна и северна Европа забележан е температурно просечен септември, со многу мали области каде температурата била под просекот.

Количеството на врнежи било доста разнолично, но во поголем дел од континентот имало помалку врнежи од просекот. Области со надпросечни количества на врнежи се регистрирани во поголем дел од Хрватска, делови од Италија, Грција, јужна Шпанија, централна Англија и делови од Скандинавија.

Западниот дел на Хрватска и југозападниот дел на Норвешка се единствените подрачја во Европа каде се регистрирани повеќе од 200 литри дожд во септември. Најсушно било во гореспоменатите најтопли области, делови од западна и средна Европа, а особено во Турција.

weather4all

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1