Сергеј Бубка паднал од 3 кат од хотелот


Украинскиот тенисер Сергеј Бубка јуниор кој е син на познатиот атлетичар со исто име повреден е денеска откако паднал од 3 кат на хотелот во Париз, објавија француските медиуми.

25 годишниот Бубка бил заклучен во тоалетот на хотелската соба па сакал преку прозорот да стаса до соседната соба во која бил негов пријател. Но изгубил контрола и паднал.

Пренесен е во болница и за среќа повредите кои ги добил не се опасни по живот. Тој е на 182 место на светската ранг листа на тенисери, додека неговиот татко еден е од најуспешните атлетичари во историјата на тој спорт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1