Сестрата на исчезнатата Тијана скршена од болка


Поминаа десет дена откако исчезна 15-годишната Тијана за која нема ниту трага ниту глас. Семејството, роднините и нејзините другари се скршени од болка и со сите напори се обидуваат девојчето да биде пронајдено.

tijana sestraДругарките и другарите на Тијана напишаа трогателни писма за неа во кои опишуваат со колкава болка се соочуваат откако нивната другарка за која како што велат постојано била ведра и насмеана, повеќе ја нема. И постарата сестра на Тијана, Сашка, која постојано е опкружена со нивните другари и добива поддршка, вели дека срцето и кажува дека нејзината сестра е жива и здрава.

– Кога доаѓа ноќта ме фаќа паника, сфаќам дека сум останала сама, а тоа го мразам. Тијана секогаш беше покрај мене, вели нејзината сестра.

Сестрата додава и дека иако поминале 10 дена кои неа и се чинат како цела вечност, сепакк нејзиното срце и кажува дека сестра и е жива и повторно ќе се врати дома.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1