“Сфатив дека повеќе не сум жената која мојот маж ја посакува”


Не така одамна, додека го расчистував ормарот, наидов на кутија во која ги чував писмата. Седнав на подот и започнав да ги читам сите, едно по едно. Тоа беа љубовни писма кои јас му ги пишував на мојот маж, Дејвид.

Моето срце се стегна, а очите ми се насолзија додека читав некои од речениците. “Здраво убавецу, како е мојот секси, шармантен, романтичен и грижлив сопруг?”.

“Ми недостигаш толку многу што мислам дека ќе полудам!”.

ljubov
За момент се запрашав која е таа девојка која му ги напишала сите овие писма. Читајќи ги нејзините писма, почувствував љубомора. Таа беше секси, забавна, романтична и потполно заљубена во мојот маж. Некои писма беа проследени со фотографија, некои со запечатен бакнеж, и сите до едно оддаваа впечаток како да се од вчера.

Се почувствував како да ги читам писмата на љубовницата на мојот маж, но тоа сепак не беше неговата љубовница – тоа беа мои писма напишани кога имав 20 и неколку години. Почувствував срам бидејќи таа девојка веќе одамна се чини дека исчезнала, а на нејзино место дојде анксиозна четириесет годишна мајка на две деца.ljubomora1

Дејв повеќе не делува како да ме сака, а покрај него ниту јас не се чувствувам посакувано. Тој сега е како мој цимер или добар пријател. Читајќи ги писмата заклучив дека таа девојка едноставно исчезнала, а со тоа исчезнала и девојката во која тој се заљубил и која ја оженил. Треси Шафер била оптимист, секогаш насмеана, расположена за забава, и букално ја барала убавината во сето она што ја опкружувало. Трејси Билд е сега многу поинаква.

На некој чуден начин, ми стана жал за Дејв. Мојата професија напредуваше, требаше да се грижам за домот, за двете деца и едноставно немав повеќе време и енергија и за него.

Писмата ги вратив во кутијата, а заклучокот беше дека сум премногу променета.raskinuvanje
Со денови размислував на сите тие писма. Страста и емоциите во нив беа толку многу силни, а мене ми дојде буквално преку глава секогаш да бидам толку многу уморна. Посакав да го имам сето она што го имав во дваесетите години. Што е уште поважно, посакав да го имам сето она што го имавме мојот сопруг и јас, па се одлучив повторно да ја побарам девојката која некогаш бев всушност јас.

Најпрво почнав повеќе да се забавувам. Кога чистев играв на музиката, а траката за трчање ја заменив со кик-бокс и клупата во паркот, покрај лулашките на кои беа и моите деца.
Потоа започнав да внесувам забава и во својот брак. Од играње во кујната, до одење на заедничко патување, работев на се’ за повторно да го оживеам нашиот однос и за среќа, мојот труд се чини дека носи позитивен резултат. Полека, жената која Дејв ја ожени се врати назад. Вистината е дека таа била за целото време тука – но претрупана со обврски.

Денес едноставно не е лесно да се биде жена – на обврските никогаш не им доаѓа крај. Но, од своето искуство научив некои нешта кои треба да бидат приоритет. Кога го ставив Дејв на самиот врв, се чини дека се стана многу полесно. Еве уште некои нешта кои јас ги сторив и кои имаа долгорочен позитивен придонес кон нашата врска. Пробајте ги и вие:

Делете комплименти – Подарувајте му комплименти секојдневно. Тоа не е воопшто тешко. Заблагодарете му се што направил нешто наместо вас, пофалете го неговиот изглед, некоја негова особина. Секој убав збор е одличен комплимент.

Минувајте време сами – Дури и ако живеете заедно, најверојатно многу ретко останувате сами еден со друг. Потрудете се барем една ноќ неделно да останувате сами. Ако барем некогаш успеете, одвоете 20-тина минути за разговор покрај прозорецот или чаша вино и танц на добра музика.

Забавувајте се! – Кога ќе одвоите малку време еден за друг, забавувајте се. Не гледајте филмови и не одете на вечери. Испробајте нови и интересни нешта, сето она кое можете да си го овозможите.

Формирајте нови навики – Формирајте нови заеднички навики, нешто во кое ќе учествувате како тим, нешто што ќе стане ваша слатка рутина. Не мислете дека вие сте оние кои правите се’. Вие сте само придвижувач, но и тој е учесникот.

Спасете го вашиот брак и уживајте во него!

 

Точка.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1