Шакира и Пике се разделуваат поради референдумот за независност на Каталонија


Популарната пејачка Шакира и фудбалерот на Барселона, Пике се разделуваат, објавија денес светски медиуми наведувајќи дека причината за тоа е референдумот за независност на Каталонија.

Турбулентната недела по референдумот за независност на Каталонија и медиумското присуство и активност на Пике на таа тема, според медиумите, се главна причина за расправијата помеѓу парот, бидејќи Шакира не се согласувала со политичките ставови на својот сопруг.

Како друга причина за разделбата, медиумите пишуваат е и љубомората на Пике, што веќе била премногу за колумбиската пејачка.

Парот за запозна за време на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка во 2010. година, каде што Пике настапуваше со репрезентацијата на Шпанија, а Шакира беше пејачка на насловната песна на првенството. Тие имат две деца.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1