Шакопи -најбогато индијанско племе: Заработуваат милион долари годишно од казина


Во најбогатото индијанско племе во Америка, 99,2 отсто од луѓето се регистирани како невработени, гордо изјавил поглаварот на племето Шакопи, Стенли Р.Кукс. За тоа едноставно нема потреба, затоа што секој припадник на племето, а ги има вкупно 480, прима повеќе од милион долари годишно.

Богатата исплата е последица на успешното стопанисување со коцкарниците и хотелите во индијанскиот резерват во округот Скот, во близина на Минеаполис. Во нив работат малкумина, а плата им следува на сите возрасни.

Како што пишува “Њујорк Тајмс“, секој возрасен член месечно добива по 84 илјади долари, што е откриено случајно, откако еден припадник на племето поднел барање за развод.

Шакопи Индијанците живеат во скромни куќи, но пред секоја е паркиран најмалку еден луксузен автомобил. Најчесто имаат и по повеќе куќи и познати се по долгите годишни одмори кои траат со месеци. Многумина од нив имаат скапи хобија, лов на крупен дивеч а сите децата ги праќаат во познати, приватни училишта.

Нивното незамисливо богатство е резултат на успешното работење на неколку луксузни казина и хотели кои племето ги изгради на своја територија, привлекувајќи десетици илјади обложувачи и хазардери од Минеаполис и од цела Америка.

Хотелот и казино “Мистик Лејк“ е изграден на вештачко езеро и има пет ресторани, 600 соби, конференциски центар, изложбена сала со 2.100 седишта, амфитеатар на отворено со 8.350 места и првокласно голф терени. “Мистик Лејк“ е четврто по големина индијанско казино во Америка. Заедно со коцкарницата „Литл Сикс“ годишно заработуваат по 1,4 милијари долари.

Шакопи им помага и на другите индијански племиња преку позајмици или донации.

Tags: , , , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1