Шефот на германската служба за миграција и бегалци поднесе денеска оставка


Шефот на германската служба за миграција и бегалци Манфред Шмит, поднесе денеска оставка. Службата во последно време беше критикувана за бавното обработување на барањата за азил на рекорден број кандидати, соопшти германското МВРmanfred500

– Претседателот на службата побара да биде ослободен од функцијата поради лични причини и министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер му ја прифати оставката, соопшти Министерството.

Шмит е шеф на службата од 2010 година.

Во моментот за обработка чекаат над 250.000 барања за азил. Премиерот на покраината Рајнланд-Пфалц, Марија Луизе Драер, оваа седмица истакна дека додека во Швајцарија обработувањето на барањата се извршува за 48 часа, во Холандија за 11 дена, во Германија тоа се случува за повеќе од пет месеци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1