Шест градови во кои вреди да се изгубиш


Англиската веб – страна за патувања Trip Advisor, направи селекција на 6 светски градови во кои што вреди да се изгубиш, како би ги запознале и почуствувале подобро.

Нивната селекција е извршена првенствено по тоа колку е атрактивна локацијата, со какви знаменитости располага и што е она што токму тој град го нуди на посетителот.

Trip Advisor ги нуди следниве шест града како локации во кои што вреди да се изгубиш :

6. Париз –

Градот на светлината, на љубовта, на виното, на модата и безброј останати синоними кои што го карактеризиираат овој град. Колку е посетуван овој град ни покажуваат и самите статистики дека е најпосетуван град во целиот свет.

Затоа вреди да се изгубиш низ овој град, бидејќи нуди безброј нешта. Да започнеме од Ајфеловата кула, која е претпознатлив симбол за овој град. Па се до познатата Триунфалната капија, авенијата Champs Élysées, музејот Лувр, дворецот Версај, многубројни забавни паркови.

Ова е дел од се она што располага овој град. Првокласна храна која што се служи низ романтичните париски улици пиејќи квалитетно вино, па се до висока мода, односно за секого по нешто. Доколку поубаво го запознаеш ќе разбереш зашто ги добил синонимте по кој што е препознатлив.

5. Истамбул –

Град помеѓу модерна и стара архитектура, на два континета Европа и Азија. Во кој што се наоѓаат Аја Софија и Сината џамија, но и современи хотели, ресторани и ноќни клубови на кои што повеќето од светските градови би завиделе.

Одличната храна, зачини, историски локации, шопинг – центри e она што ги привлекува туристите да го посетат токму овој град.

Традиција, обичаи и култура се само дел од она со што би се запознале доколку се изгубите во Истамбул.

4. Лондон –

Веројатно досега сте слушнале за London Eye кој го привлекува вашиот поглед. Секако доколку се наоѓате во овој град неизбежен за посета е и Big Ben, Tower of London, катердралата Св. Павле, глаеријата Tate Modern.

Покрај ова Лондон располага со голем број на познати пабови, клубови и модни центри. А доколку е пет часот задолжително напијте се автетичен англиски чај и уживајте во овој кралски град.

3. Токио –

Модерен град со високи згради, безброј светлосни реклами, шопинг – центри, забавни паркови и останати знаменитости. Овој град исто така располага и со традиционални храмови и вкусна храна.

Токио нуди доста забава за секого и е претпознатлив по клубовите во кои што се изведува караоке. Гужвата во која ќе се најдете доколку се изгубите во овој град ќе придонесе за запознавање на културните навики на јапонците.

2. Дубровник –

Прекрасниот град на Јадранското море, кое располага со многу знаменитости. Нуди пријатен и релаксирачки престој за туристите.

Посетуван од многубројните светски ѕвезди кои што уживаат во прекрасните плажи, клубови, ресторани. Вреди да се посети за да се почуствува медитеранската наклонетост на домаќините.

1. Венеција –

Градот на вода. Повеќето се шегуваат на сметка на овој град и велат дека треба да се посети што побрзо пред да се потопи целиот. Се надеваме дека оваа шега нема да се реализира, бидејќи Венеција има многу што да понуди. Базиликата Св. Марко, крстарење по морето, безброј прекрасни мостови, вкусна морска храна и впечатлива арихтектура. Венеција нуди за секого по нешто, што значи вреди да се изгубиш во неа и да те понесат пејсажите на овој град.

Навистина вреди да се посетат било кои од наведениве градови, сите различни и со различни понуди. Да се почуствува нивната магија и се она што ги привлекува безброј туристи ширум светот.

Tags: , , , , ,

Јордан Колевски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1